Рим: Бесплатен билет за јавен транспорт за оние кои ќе рециклираат пластични шишиња

77

Главниот град на Италија, Рим, нуди бесплатен превоз за подземна железница на оние кои ќе рециклираат пластични шишиња.

Патниците за оваа цел користат три машини поставени на три станици во градот. Иницијативата започна во јуни и е одлично прифатена од граѓаните. Досега се рециклирани 350.000 шишиња.

Наскоро иницијативата ќе биде проширена во поголемиот дел од мрежата и ќе продолжи до 2020 година, пишува CNN.

Машините обработуваат 20.000 шишиња дневно, а во просек луѓето носат од 15 до 20 шишиња одеднаш. Патниците преземаат апликација за мобилен телефон којашто го регистрира бројот на билетите што ги “заработиле“ од рециклираните шишиња.

Еден билет од 100-минутно возење чини 30 шишиња коишто треба претходно да се стават во машината од страната на бар кодот, за истата да може да ги прочита и регистрира.

Вакви слични системи за добивање на бесплатен јавен транспорт има во Истанбул и Пекинг.

Фото: Pixabay