Во 2018 година, извозот на накит во светски рамки достигна 103,2 милијарди долари. Сепак, гледано години наназад побарувачката на накит е во опаѓање.
Гледано по континенти, Азија е на прво место со 58,8 милијарди долари заработка лани или 57% од вкупниот извоз. Следува Европа со 31,5%, па Северна Америка со 10,3%.
Кина е лидер во извоз на накит, а топ десет извозници се следниве земји:
- Кина – 13,3 милијарди долари (12,9% од вкупниот извоз)
- Индија – 12,4 милијарди долари (12%)
- Швајцарија – 11,8 милијарди долари (11,4%)
- САД – 9,9 милијарди долари (9,6%)
- Обединети Арапски Емирати – 8,6 милијарди долари (8,3%)
- Хонг Конг – 7,1 милијарда долари (6,9%)
- Италија – 7,1 милијарда долари (6,8%)
- Франција – 5,8 милијарди долари (5,6%)
- САД – 4,4 милијарди долари (4,3%)
- Tурција – 4,4 милијарди долари (4,3%)
Од земјите во регионот, Турција е најдобро пласирана на 10-то место, Грција е на 46-то место, Бугарија е 56-та, Словенија 71-ва, Србија е на 79-то место, Хрватска е 88-ма, Албанија 89-та, додека БиХ е на 99-то место. Нашата земја воопшто ја нема на листата.
Фото: Pixabay