Од вкупно 100.132 странски туристи што ја посетија земјава во август, најголем дел од нив или 17.096 доаѓаат од Турција, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Потоа следуваат туристи од Србија (8.098) и Полска (7.371).
Инаку, вкупниот број на туристи во август оваа година изнесува 216.321, а бројот на ноќевањата изнесува 904.740. Бројот на туристи во август 2019 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 2,2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,6%. Бројот на домашни туристи во август 2019 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 0,1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,7%.
Бројот на ноќевања на домашни туристи во август 2019 година, во однос на август 2018 година, е зголемен за 0,9%, а бројот на ноќевањата на странски туристи е зголемен за 7,4%.
Во периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,1%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,3%, а кај странските има зголемување за 2,7%. Во периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1,5%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,3%, а кај странските има зголемување за 3,2%.
Фото: Pixabay