Јужнокорејскиот автомобилски производител, Hyundai планира да инвестира 35 милијарди долари во развој на електрични и самоуправувачки возила до 2025 година, пишува CNN.
Со овој чекор, Hyundai му се доближува на Volkswagen којшто во развој на таа технологија инвестира 34 милијарди долари во следните пет години.
Планот на Hyundai е до 2025 година да претстави 23 видови на електрични возила.
Инаку, Јужна Кореја прва во светот ќе го комерцијализира користењето на автономни возила, а една третина од автомобилите во земјата во следната деценија би требало да бидат електрични или на водород.
Фото: Pixabay