Два европски гиганти, Ikea и H&M Group заеднички спроведуваат обемно истражување поврзано со безбедноста на рециклираните материјали. Истражувањето треба да покаже колку рециклираниот текстил содржи одредени хемиски елементи и кои се тие.
Двете компании планираат добиеното знаење да го споделат со сите засегнати страни во индустријата. Исто така, проверените факти ќе овозможат присвојување на кружниот бизнис модел и пошироко, на глобално ниво.
Собраниот рециклиран текстил често содржи и мешани материјали каде хемиските елементи се непознати. Токму заради ова потребни се обемни и детални анализи, каде се тестираат неколку хемиски супстанци.
Оваа првична анализа ги опфаќа рециклираните материјали од памук и се состои од над 8.000 тестови на одбран текстил од различни производители во Европа.
Двете компании ги канат сите заинтересирани да им се придружат во колективно “собирање и споделување на знаење“.
Фото: Pixabay