Марк Тесие, студент од Париз, креираше футрола за смартфон од вештачка кожа, пишува Cnet. Skin-On може да се користи за мобилни телефони, уреди што се носат и слично.
Корисникот може да воспостави интеракција со мобилните апликации преку допир на кожата, штипкање, коешто го регулира звукот, а футролата е програмирана да поврзува разни допири со емоции.
Притискање на кожата значи лутина, континуирано тапкање значи дека корисникот сака внимание, продолжен контакт и “чешкање“ се поврзува со обезбедување на комфор.
Skin-On има четири слоеви, слој за детекција на гестови, визуелно-тактилен, слој за осет и кинетички слој.