Ресорт во Финска дава попуст за гостите ако се грижат за околината

56

Еко- ресорт лоциран на 450 километри од главниот град на Финска, Хелсинки, ќе им дава попуст на гостите во зависност од тоa колку ќе придонесат за околината.

Arctic Blue Resort, планирано е да започне со работа во 2022 година, а посетителите ќе можат да добијат и до 50% попуст на услугите, пишува Reuters.

Количината на вода и струја што ќе ги користат при престојот, како и изборот на храна ќе влијаат на висината на попустот, а за секое засадено дрво ќе следува уште 5% намалување на цената.

Ресортот е дел од финската дестилерија Arctic Blue Group, а од таму велат дека комплексот ќе биде достапен за сите.

Arctic Blue Resort ќе има сопствен систем за вода, ќе користи енергија од обновливи извори и ќе нуди локална органска храна.

Фото: Pixabay