Научници креираа еколошко средство за дезинфекција од вода, воздух и струја

160

Група научници од Универзитетот MIT создадоа средство за чистење со помош на вода, воздух и електрична енергија. Тимот се надева дека ова ќе биде решение за неразвиените земји каде што со едноставни и достапни ресурси ќе може средството локално да се произведува.

Во неговиот состав се наоѓа соединението познато како хидроген пероксид коешто “убива“ бактерии.

Иако процедурата има потреба од електрична енергија, тоа е многу мала количина, а истата според научниците може да се обезбеди од обновливи извори како сончеви панели и ветерни турбини.

Со помош на струјата се напојува електролизаторот, којшто ја разложува водата на водород и кислород.

Иако концентрацијата на хидроген пероксид засега е мала, научниците се убедени дека ќе успеат значитечно да ја зголемат.

Според нив, ова откритие е клучно поради фактот дека се земаат елементи како вода, воздух и струја, локално и се користат за да се направи оваа важна состојка којашто се користи за обезбедување на почиста околина и подобро здравје.

Фото: Pixabay