Што е економска пропаганда?

3004

Економската пропаганда е една од најчесто користените промотивни активности. Станува збор за алатка што се користи за масовна комуникација и може да опфати поголем број луѓе во еден ист момент.

Подразбира различни видови на презентација и промоција на производ или услуга, што се спроведува во посредство на медиуми за масовно комуницирање. Пропагандата претставува и “највидлива“ маркетинг активност на една компанија, па поради тоа се поистоветува со маркетинг. Но, маркетингот опфаќа многу повеќе елементи и е посложен за разлика од економската пропаганда.

Оваа маркетинг алатка овозможува компанијата да создаде имиџ поврзан за производот или услугата. Но, треба да се потенцира бидејќи економската пропаганда не е погодна за сите видови на производи или услуги. Таа е соодветна ако:

  • Производот или услугата има атрибути или “сокриени квалитети“ што се важни за потенцијалниот купувач,
  • Купувачот носи одлука врз база на емоции
  • Постои голем потенцијален пазар
  • Компанијата има искуство што може да го искористи за спроведување квалитетен маркетинг.

Фото: Pixabay