Кинеската Sinopec, британската Royal Dutch Shell и Saudi Aramco од Саудиска Арабија се три нафтени компании со највисоки приходи, коишто минатата година достигнаа вредност од околу 1.164 милијарди долари.
Кинеската нафтена корпорација, според податоците на Statista, лани евидентираше приходи од 420,3 милијарди долари. Втора по приходи е Royal Dutch Shell со приходи од 388,38 милијарди долари, додека Saudi Aramco прокнижи 356 милијарди долари на контото приходи.
На листата 10 нафтени компании со најголеми приходи се најдоа и:
PetroChina – 342 милијарди долари
BP – 298 милијарди долари
Exxon Mobil – 279 милијарди долари
Total – 209 милијарди долари
Chevron –158 милијарди долари
Gazprom – 113 милијарди долари
Petrobras – 95 милијарди долари
Фото: Pixabay