Шарлот Меккарди, дизајнерка од Њујорк, изработи водоотпорна јакна од биопластика добиена од алги.
Она што е најинтерeсно е тоа дека парчето облека има способност да го собере јаглерод диоксидот од воздухот, пишува Dezeen.
Јакната е направена од материјал од биополимери добиени од големи клеточни алги. Тие се поврзуваат меѓу себе со помош на топлина и смесата се става во калапи.
Штом истите ќе се стврднат, пластиката од алги се обложува со тенок слој восок за да биде отпорна на вода.
Јакната, според дизајнерката, има симболично значење коешто треба да ги освести компаниите за користење на одржливи ресурси и чување на околината.
Фото: Pixabay