Најбогатите луѓе на светот малку загубиле од своето богатство, поради геополитички превирања и нестабилност на пазарот на капитал, што се случува прв пат за 10 години, пишува Reuters.
Според истражување на швајцарската UBS и консултантската куќа PwC, богатството на милијардерите лани се намали за 388 милијарди долари на глобално ниво и се позиционираше на 8,53 илјади милијарди долари.
Најмногу се погодени богаташите од Кина, САД и регионот на Азија и Пацификот.
Нето богатството на најбогатите Кинези се намали за 12,8% со што десетици милијардери повеќе ги нема на листите на најбогати.
Фото: Pexels