Една од најпознатите интернет продавници, кинеска Alibaba денеска ќе се обиде да го собори минатогодишниот рекорд од 31 милијарда долари во најголемата 24-часовна онлајн продажба.
На овогодишниот Ден на самците, што е неформален празник на потрошувачите во Кина, Alibaba ќе има помош од музичката ѕвезда Тејлор Свифт.
Во првите неколку часа, според CNN, Alibaba инкасираше 24 милијарди долари. Овој настан, за чија идеа стои основачот Џек Ма, бележи многу поголема продажба од Црн петок и таканаречениот Сајбер понеделник заедно.
Во текот на деновите на претпродажба, што започна пред три недели, Estèe Lauder одвои 143 милиони долари, а претплатата за iPhone 11s на Apple претпродажбата достигна вредност од 14 милиони долари.
Инаку, Денот на самците е неформален празник сосема спротивен на Свети Валентин во Кина, што го слават луѓе кои не се во врска. Датумот е избран 11.11, како четири единици или сингл.
На првиот Ден на самци, во 2009 година, учествуваа само 27 брендови коишто понудија попусти, минатата година кинескиот трговец соработуваше со 180.000 брендови од над 200 држави.
Се очекува оваа година да учествуваат околу 500 милиони купувачи, што е 100 милиони повеќе од лани.
Фото: Pixabay