Worldwide XR дигитално ќе ги оживува актерите на филмското платно

73

CMG Worldwide, компанија за менаџмент и консалтинг, позната по тоа што поседува лиценци за интелектуална сопственост и студиото Observe Media, се спојуваат во една компанија наречена Worldwide XR.

Целта на новата фирма е повторно да ги донесе починатите актери и славни личности на екраните преку дигитализација, пишува CNBC.

Worldwide XR, освен во филмовите, ќе ги “воскресне“ актерите и на други платформи и медиуми преку процес наречен CGI restoration.

“Worldwide XR поседува права на интелектуална сопственост на повеќе од 400 актери, спортисти и тимови“, вели извршниот директор Тревис Клојд.

CGI реставрацијата користи компјутерски генерирани слики базирани на постоечка содржина или комбинира актери кои личат на оние што треба да се прикажат дигитално.

Компанијата, исто така, ќе креира дигитални ликови за зголемена и виртуелна реалност.

На овој начин ќе се оживуваат ликови што ќе најдат свое место во училишните системи, музеите и слично.

Фото: Facebook