Прометот во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 4,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3%.
Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2019 година во однос на август 2019 година, е зголемен за 17,4%, додека во периодот јануари − септември 2019 година во однос на периодот јануари − септември 2018 година порастот е 7,2%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, изнесува 100,3.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3%.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2019 година во однос на август 2019 година, изнесува 105,7, додека во периодот јануари − септември 2019 година, во однос на периодот јануари − септември 2018 година, изнесува 100,3.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2019 година во однос на септември 2018 година, изнесува 98,7.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.8 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 5,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,3%.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во септември 2019 година, во однос на август 2019 година, изнесува 122,2, додека во периодот јануари − септември 2019 година, во однос на периодот јануари − септември 2018 година, изнесува 109,5.
Фото: Pixabay