Италијанската престолнина важи за еден од поубавите градови во Европа и привлекува голем број туристи секоја година. Од Скопје до Рим со автомобил треба да поминете околу 1.000 километри или околу 10 часа возење. Преку Numbeo ќе направиме споредба на цените во овие два европски града.
Целосен оброк во ресторан за двајца во Скопје ќе платите околу 16,24 евра, а во Рим 241% повеќе или околу 55 евра. Над 207% е разликата во цените на домашно пиво од половина литар. Кај нас чини околу 1,62 евра, а во Рим пет евра. Шолја капучино кај нас чини околу 1,36 евра, а во италијанскиот главен град 1,26 евра или 7% поевтино.
Ако сте во супермаркет во Рим и сакате да купите леб и млеко, за тоа ќе платите 1,55 евра (за лебот), а 1,26 евра (за млекото). Во Скопје литар млеко ќе платите за 0,83 евра, а леб за 0,47 евра. Килограм компири кај нас имаат просечна цена од 0,49 евра, а во Рим 180% повеќе или 1,37 евра. Шише вода од 1,5 литри во Скопје се продава за околу 0,43 евра, а во Рим е 9,81% поевтино и чини 0,39 евра.
Во такси превозот кај нас и во Рим има голема разлика. Па така, старт на возење со такси кај нас чини 0,65 евра, а во Рим четири евра, што е 515% поскапо.
Кога се работи за телекомуникациските услуги, интернетот месечно кај нас чини 15,58 евра, а во Рим 87% поскапо или 29,15 евра.
Месечните трошоци за струја, вода, греење… за еден стан од 85 метри квадратни, во Скопје се околу 107,85 евра, а во Рим 54% повеќе или 167 евра.
Ако имате потреба да изнајмите стан со една спална во центарот на Скопје е 229 евра, а во Рим 332% повеќе или 992 евра. Околу 410% е разликата во цената на еден метар квадратен во Скопје (1.227 евра) и во Рим (6.269 евра).
Просечната месечна исплатена нето плата во Скопје е 390 евра, а во Рим 268% повеќе или 1.441 евра.
Фото: Pixabay