Saudi Aramco достигна вредност од 1,7 илјади милијарди долари

59

Нафтениот гигант од Саудиска Арабија, Saudi Aramco достигна вредност од 1,7 илјади милијарди долари, пишува Ројтерс.

Aramco нема да ги може да ги продава акциите на инвеститори во Соединетите Американски Држави и од други пазари, бидејќи иницијалната јавна понуда ќе биде ограничена на инвеститори од Саудиска Арабија и оние странски институции што имаат дозвола да тргуваат со кралството.

Aramco планира да продаде 1,5% од компанијата, односно три милијарди акции, по цена од 25,6 милијарди долари. Цената на една акција е одредена на 8,5 долари.

Фото: Pixabay