Светот ќе “заглави“ во долгови од 255 илјади милијарди долари

58

Глобалниот долг достигна нов рекорд од над 250 илјади милијарди во првата половина од годината, пренесува CNBC.

Според извештајот на Меѓународниот институт за финансии, глобалниот долг за шест месеци се зголеми за 7,5 илјади милијарди долари. Се очекува до крајот на годината, светот да “заглави“ во долг од 255 илјади милијарди долари.

Предводници во големина на долговите се Кина и САД. Економиите во развој, според податоците, достигнаа рекордно ниво на задолженост од 71,4 илјади милијарди долари, односно 220% од вредноста на бруто домашниот производ.

Зголемената задолженост, пред сè, произлегува од ниските каматни стапки на националните централни банки и растечкиот пазар на државни обврзници.

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека дури 40% од кредитите на компаниите во развиените земји се потенцијално ненаплатливи доколку дојде до рецесија на глобално ниво.

Фото: Pixabay