Airbnb ќе обезбеди сместување на Олимписките игри

58

Компанијата Airbnb склучи партнерство со Интернационалниот олимписки комитет (International Olympic Committee – IOC) со цел да обезбеди сместување за време на Олимписките игри во Токио, Јапонија следната година.

Од Airbnb велат дека согласно договорот, компанијата ќе биде партнер на Олимпијадата и Параолимпијадата во следните девет години, со што ќе бидат покриени пет спортски настани.

Финансиските детали поврзани со партнерството не се објавени, пишува Japan Today.

Претседателот на IOC, Томас Бах изјави дека сојузот нема да го замени Олимпиското село, но ќе обезбеди сместување за посетителите, фамилиите на спортистите и официјалните претставници. Со ова ќе се намали потребата за инвестиција во нови хотели и ќе се заштедат пари.

Со ова партнерство ќе се намалат трошоците за организаторите на Олимписките игри и сите засегнати страни.

Фото: Pixabay