Овие земји нудат најдобри услови за таленти

81

Швајцарија, Данска и Шведска се топ три земји што нудат најдобри услови за таленти, според Институтот за развој на бизнис управување.

Во првите 10 земји се најдоа и: Австрија, Луксембург, Норвешка, Исланд, Финска, Холандија и Сингапур.

Од земјите во регионот, Словенија е најдобро позиционирана, 31-ва од 63 земји. Потоа следуваат: Грција (40-то место), Бугарија (52-ра) и Хрватска (53-та позиција).

На дното на листата се најдоа: Монголија, Венецуела, Бразил, Мексико и Индија.

Нашата земја ја нема на оваа листа.  

Институтот за развој на бизнис управување (International institute for management development – IMD) направи анализа на земјите, по што 63 смести на листата, а ги оценува нивните способности да создадат, привлечат и задржат талентирани луѓе, за да се создаде база на таленти коишто ќе придонесат за зголемување на конкурентноста и раст на економијата. Оценувањето се темели на три основни фактори – инвестиции во развој (подигнување на квалитетот на образовниот систем), привлекување таленти (задржување на талентите во земјата и привлекување на такви лица од странство) и подготвеност (капацитет со којшто земјата одговара на барањата на талентираните луѓе).

Фото: Pixabay