Што најмногу извезуваат Тунис, Пакистан и Иран?

187

Урмата е едно од највкусните и најхранливите овошја од истокот. Го штитат срцето, смируваат, го забавуваат стареењето и слично. Поради големата содржина на фруктоза тие сепак треба да се консумираат во умерени количини. Само една урма има 20 калории, па затоа не треба да се претерува.

Во светски рамки, најголеми извозници на овие намирници се Тунис со заработени 247 милиони долари од извоз, Пакистан со инкасирани 139 милиони долари и Иран 137 милиони долари. На четврто место е Израел со заработени 126 милиони долари од извоз и петта е Саудиска Арабија со 91,8 милиони долари заработка.

Најголеми увозници на урми се Индија со потрошени 238 милиони долари за увоз, Франција со потрошени 85,1 милион долари, Мароко со 67,1 милиони долари за увоз, Германија со вложени 61,9 милиони долари за извоз и Велика Британија со потрошени 57,9 милиони долари за увоз на урми.

Македонија најмногу увезува урми од Иран, Тунис и Србија, најмногу извезува во Србија, Црна Гора и Бугарија, a заработката од извоз изнесува 62.200 долари.

Фото: Pixabay