Формула 1 или позната како F1 е официјалната кратенка на FIA Formula One World Championship. Една сезона на F1 се состои од повеќе трки што се организираат на посебно изградени патеки или на јавни патишта. Првата F1 трка е организирана во 1950 година, а победата ја однесе Италијанецот Гузепе Фарина, којшто возеше за Alfa. Денес, F1 е сериозен сегмент во автомобилизмот, а тимовите што се дел од трките достигнуваат просечна вредност од над 500 милиони долари.
Магазинот Forbes направи листа на највредните тимот на Формула 1 за оваа година.
Прв е италијански Ferrari со вредност од 1.350.000.000 долари. По него следуваат:
Mercedes – 1.015.000.000 долари
Red Bull Racing – 640 милиони долари
McLaren – 620 милиони долари
Renault – 430 милиони долари
Williams – 400 милиони долари
Toro Rosso – 200 милиони долари
Racing Point – 130 милиони долари
Haas F1 – 115 милиони долари
Alfa Romeo – 105 милиони долари
Фото: Pixabay