“Само“ 100 милијарди долари помалку вредат компаниите од Силиконската долина

68

Вредноста на компаниите од Силиконската долина оваа година се намали за скоро 100 милијарди долари.

Меѓу компаниите, според Wall Street Journal, коишто имаат најголем пад на вредноста се WeWork и Uber. Па така, WeWork, инаку провајдер за работен простор, во октомври оваа година беше проценет на осум милијарди долари, што е минимално во однос на 47 милијарди долари колку што беше проценета по процесот на инвестирање.

Исто така, пазарната капитализација на Uber е намалена за 33 милијарди долари во однос на податоците од вториот квартал оваа година. Компанијата за транспорт Lift забележа пад на својата вредност за скоро 10 милијарди долари. Стартапот за бизнис софтвер, UiPath во октомври додели 400 откази поради тоа што не успеа да ги оствари целите што ги постави пред инвеститорите.

Компанијата Fair од Калифорнија, исто така, мораше да отпушти дел од своите вработени и да го замени извршниот директор, откако за помалку од една година потроши 380 милијарди долари на рекламирање, вработување и други активности што требаше да донесат раст за компанијата.

Фото: Pixabay