Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар oстануваат непроменети на месечно ниво и повисоки за 1,1 % на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во октомври 2019 година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,8% и Трајни производи за 0,2%.
Во октомври 2019 година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7%, Капитални производи за 1,5% и Енергија за 1,7%.
Фото: Pixabay