Намален бројот на работници во индустријата во октомври

42

Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 2,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пад од 3,4%, во секторот  Преработувачка индустрија пад од 2,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4%.

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, е намален за 1,4%.

Фото: Pixabay