Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во третото тримесечје од оваа година, во однос на претходното тримесечје, се повисоки за 0,1%, трошоците за материјали се пониски за 1,2% и трошоците за вработените се повисоки за 2,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со третото тримесечје од 2018 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,7%, трошоците за материјали се пониски за 1,4% и трошоците за вработените се повисоки за 9,1%.
Фото: Pixabay