Безбедноста во сообраќајот е исклучително важна за секој град. Безброј учесници во сообраќајот ги вкрстуваат своите патишта насекаде во светот. Mister – auto направи листа на 100 градови според безбедноста на возењето.
Канадскиот град Калгари го има приматот на град во којшто возењето е најбезбедно.
Во првите 10, освен Калгари, се вбројуваат и: Дубаи (Обединети Арапски Емирати), Отава (Канада), Берн (Швајцарија), Ел Пасо (САД), Ванкувер (Канада), Гетеборг (Шведска), Дизелдорф (Германија), Базел (Швајцарија) и Дортмунд (Германија).
Од земјите во регионот, ја има само Атина, којашто се позиционираше на 90-то место.
На дното на листата се најдоа: Мумбај (Индија), Уланбатор (Монголија), Калкута (Индија), Лагос (Нигерија) и Карачи (Пакистан).
При оценка на безбедноста во возењето се земени предвид повеќе фактори, поделени во три главни постулати: инфраструктура, безбедност и трошоци.
Фото: Pexels