БДП во третиот квартал порасна за 3,6%

66

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3,6%.

Во третото тримесечје од 2019, најголем пораст е забележан во секторите: Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 6,8%; Градежништво од 5,5% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 4,9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2019 година, номинално расте за 4,6%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 65,6%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10,9%.

Фото: Pexels