Комерцијална банка ги прекина почетните разговори со Еуростандард банка

65

Комерцијална банка информира дека се прекинати почетните разговори и натамошното стекнување на информации поради, како што се наведува во информацијата доставена до Македонска берза, очигледни разлики во вреднувањето.

Комерцијална банка на крајот на септември информираше дека ја разгледува можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка, поради што бил остварен контакт со раководството на банката за првична размена на информации.

Фото: Pexels