Pirelli претстави гума со сензори којашто ќе се поврзува со интернет

66

Поврзувањето со паметните телефони станаа пракса и секојдневна работа во автомобилите, овозможувајќи ви да ја слушате вашата омилена песна или пак да ви послужи како навигација до вашата посакувана дестинација. Областа на безжичната динамика кај возилата досега забележа релативно мал број на иновации. Но, сето тоа се менува со италијанскиот производител на гуми Pirelli.

Новата гума на Pirelli содржи мал диск со големина на една монета во којшто се сместени сензор, процесор и комуникациска електроника. Дискот собира клучни податоци и ги испраќа кон ECU единицата во автомобилот, но и кон други автомобили коишто се во близина.

Доколку минете преку вир со вода, новата технологија ќе може да помогне да избегнете несреќа, но и да ги предупреди другите возачи зад вас за опасноста. Во случај сензорите во гумата да детектираат лоши услови за возење, ќе испрати податоци до ECU единицата, којашто потоа ќе прилагоди мапирање на моторот, контрола на триењето, па дури и ќе го прилагодат системот на потпирање. Гумата ќе може да следи и други информации како што се длабочината на шарата, притисокот во гумите, температурата и слично

Pirelli имаше успешен тест за новата технологија

Иако новата гума првенствено е наменета за патничка употреба, Pirelli сензорот го вгради и во сет P-Zero Trofeo гуми за високи перформанси. Сетот е ставен на Audi A8 на затворена тест патека, а гумите успешно детектираа вир и податоците ги испратија до Audi Q8, којшто возеше зад A8. Q8 ги прими податоците преку 5G мрежа пред да дојде до вирот со вода.

Оваа технологија не е во целост имплементирана на патиштата, но нешто слично веќе се користи во камионската индустрија и им заштедува многу време на механичарите кои не мораат да го проверуваат притисокот во гумите, бидејќи благодарение на технологијата знаат која гума ќе треба да ја напумпаат, а која да ја прескокнат.

Се очекуваат долгорочни тестирања, но веќе сега се чини дека новата “сајбер гума“ е голем чекор во зголемувањето на безбедноста на патиштата.

Преземено од Avtoplus.mk