Газда на вработените им подели бонус од 10 милиони долари

85

Кога сопственик на агенција за недвижности од Мериленд во САД на вработените во текот на годишната прослава за Нова Година, им поделил црвени коверти, никој не знаел што ги чека.

Сите 198 работници од компанијата St. John Properties добиле бонус во просечен износ од 50.000 долари. Вкупната вредност на бонусот изнесува околу 10 милиони долари.

“Кога го отворив ковертот, не можев да верувам. Немам доволно зборови да опишам како се чувствував, само знам дека беше убаво и неверојатно. Сè уште сум во шок. Ова дефинитивно ќе ни ги промени животите“, вели Стефани Риџвеј, асистентка на проект менаџерот во компанијата, за CNN.

Директорот на компанијата, Лоренс Мејкранц изјавил дека St. John Properties ги постигнала своите главни цели за развој на недвижнини во износ од 20 милиони квадратни метри, удвојувајќи го износот за 14 години и дека во тоа помогнале вработените, па затоа сакал сите пријатно да ги изненади.

Секој работник примил награда во согласност со бројот на годините кои ги поминал во компанијата. Најмалиот бонус бил 100 долари, а ги добил работник кој бил тукушто ангажиран и уште не почнал да работи. Најголемиот бонус изнесувал 270.000 долари.

“Сега веќе немаат кредити, долгови и студентски кредити“, вели Мејкранц.

St. John Properties има девет филијали, а за годишниот одмор на вработените им ги платиле трошоците за лет и сместување дури и на оние кои патувале надвор од државата.

Фото: Youtube