Истанбул прв град во светот по заработка од туризам

239

Истанбул минатата година бил прв на листата градови во светот според придонесот на туризмот во бруто-домашниот производ (БДП).

Светскиот совет за патување и туризам (WTTC), објави податоци според кои во Истанбул секторот патување и туризам директно генерира 15,7% од БДП. По Истанбул, на листата од вкупно 73 града, следат Анталија со 15,5% и Москва со 13,7%. Будимпешта се наоѓа 10-то место со раст од 8,5 %.

Според податоците на WTTC, патувањата и туризмот учествуваат со 10,4% од БДП во светот.

Фото: Pexels