Лондонскиот аеродром Heathrow (Хитроу) и во текот на минатата година бил најпрометен патнички аеродром на територијата на Евроска унија, со околу 80 милиони патници, што е за 3% повеќе од 2017 година.
Втор најпрометен аеродром во ЕУ е Charles de Gaulle Airport (Шарл де Гол) во Париз со 72 милиони патници и годишен раст од 4%, додека на третото место е Schiphol (Шипхол) во Амстердам со 71 милиони патници.
Како што пренесува Eurostat, околу 1,1 милијарди патници патувале со авион во текот на 2018 година, најмногу во други држави членки на ЕУ, дури 46%. Највисок годишен пораст на бројот на патници во ЕУ е забележан во Литванија (19%), Латвија, Полска и Словачка (по 16%).
Фото: Pexels