Брзорастечки компании: Приходи од 1,6 милијарди евра, над 22.500 вработени и профит од 207 милиони евра

203

Компании коишто во последните три години успеале да ги зголемат приходите за најмалку 20% и надминуваат 250.000 евра го носат епитетот брзорастечки или газели. Такви компании во нашава земја ги има вкупно 284, покажува анализата на порталот Analitika.mk.

Овие компании минатата година, оствариле 1,65 милијарди евра приходи, направиле профит од 207,8 милиони евра, а вработуваат 22.509 лица. Според анализата, приходите во 2018 година им се зголемени за 60% споредено со 2017 година, добивката забележала скок од 259%, а бројот на вработените е во пораст за 27%.

Најголемиот дел од нив, односно 222 се мали компании и имаат обрт до два милиони евра и најмногу 50 вработени. Вкупно 36 од брзорастечките се средни компании со приходи од два до 10 милиони евра и до 250 вработени, додека остатокот од 26 компании се големи.

Анализирано по сектори, најголем дел од брзорастечките компании му припаѓаат на секторот товарен патен транспорт – вкупно 29 компании. Потоа следуваат компании што се занимаваат со компјутерско програмирање со 13 компании и компании што се занимаваат со изградба на станбени и нестанбени згради ги има вкупно девет на број.

На листата 20 брзорастечки, прва е компанијата ТЕ – ТО Гас Трејд со 322,736% раст. На второ место се најде Монтинг Енергетика со скок од 46,598%, додека зад нејзе е Виктори Фоод увоз – извоз со 21,169%.

Фото: Pexels