Европа го губи уделот во глобалната економска пита

73

Со векови, државите коишто сега ја сочинуваат Европската унија, биле дел од најбогатите и највлијателни региони во светот. Меѓутоа, Европа го губи своето место во центарот на светот, пишува бриселски Politiko.

Тоа се менува бидејќи како што пишува порталот африканските и азиските земји сочинуваат поголем дел од “глобалната економска пита“, благодарение на растот на населението во однос на сè помалата демографија на стариот континент.

Дури 28 земји од ЕУ учествуваа со повеќе од половина од светскиот БДП во 1960 година, но до 2100-та се очекува да учествуваат со само една петина.

Сепак, само за една земја на ЕУ се предвидува да го подобри своето место на листата на најголеми светски економии до крајот на векот, а тоа е Велика Британија. Земјата од седмо ќе се искачи на шесто место, но Велика Британија нема да биде дел од ЕУ.

Спротивен е трендот во африканските земји. Од 10 држави што се очекува да остварат најголем релативен раст на БДП, девет се во Африка, а Руанда се очекува да скокне од 140-то место на листата од 2020 година на 54-та позиција во 2100 година.

Кина се очекува да го заземе местото на водечката светска економија од САД до крајот на 2030 година, а за Индија се предвидува дека ќе остане на врвот до крајот на векот.

Само во три држави во Европа се смета дека ќе имаат зголемување на населението меѓу 2020 и 2100 година, а тоа се Луксембург, Шведска и Данска, додека Бугарија, Хрватска и Литванија се очекува да загубат половина од своето население во тој период. До 2100 година, населението ќе се зголеми за 41%, но Европа е единствениот континент за којшто се смета дека ќе го губи населението, а се верува дека Африка ќе го зголеми тројно населението.

Фото: Pexels