Добро познатата филозофија на инвестирање на Ворен Бафет, купување акции и нивно вечно зачувување, се покажа како една од најдобрите стратегии во историјата. Како што пишува Forbes, оваа стратегија на Бафет се исплатила многу во текот на оваа деценија.
Од 2010 година неговото богатство се зголеми за 42 милијарди долари, а Бафет се најде на седмото место меѓу најголемите милијардери добитници во изминатите десет години. Ворен Бафет никогаш не продал ниту еден дел од американскиот холдинг Berkshire Hathaway, а приближно 98% од неговото богатство го стекнал од нив.
Истата стратегија се покажа како успешна за повеќето “добитници“ на оваа деценија. Сите десет милијардери на списокот Forbes остварија неверојатни 555 милијарди долари во текот на оваа деценија, a секој од нив е основач или долгогодишен извршен директор на компанија чии акции котираат на берзата и доминираа во насловите на светските медиуми. Како Бафет, тие најчесто заработуваа пари останувајќи на лидерски позиции во овие компании.