Роден во Брисел на први јануари 1945-та година, Жак Бернард Џеки Икс е еден од најуспешните тркачи на сите времиња, со шест победнички титули на славната трка 24 часа Ле Ман во својата биографија. Неговата прва победа во легендарната трка на издржливост беше во 1969-та година со Ford GT 40, пред повторно да победи во 1975-та година со Mirage GR8 Cosworth.
По ова, тој го освои Ле Ман со Porsche во 1976, 1977, 1981 и 1982. Благодарение на тој успех Porsche одлучи на шампионот да му се заблагодари на пригоден начин и на неговиот 75-ти роденден да понуди посебна ограничена серија на Porsche 911.
Заснован на Carrera 4S и достапно исклучиво во Белгија, ова е прво специјално издание на новата 992 генерација, а воедно и прво кое има боја Paint To Sample“ Тоа е единствена X Blue боја којашто е применета и на 20 и 21-инчните алуминиумски тркала Carrera Classic каде е комбинирана со бели акценти. Овој двобоен изглед не е случајно избран бидејќи всушност прави врска со и денеска препознатливата сино – бела кацига на Џеки Икс.
Porsche Exclusive Manufaktur одделот посебно се погрижи за оваа ограничена серија кога станува збор за изборот на материјали и боја, а покрај останатите детали овој 911 ќе се истакнува и со посебно изградена значка на B-столбот со потписот на Икс и со белгиското знаме.
Суптилните детали продолжуваат и во внатрешноста каде карбонските детали на праговите од вратата со гордост го носат натписот Belgian Legend Edition, додека меѓу седиштата средишниот потпирач за рацете го има автограмот на Икс. Неговиот потпис е ставен и на кожната футрола од клучот кој е лакиран во истата боја како и автомобилот.
Преземено од Avtoplus.mk