Fiat 500 и Fiat Panda пристигнуваат во хибрид верзија

90

Fiat 500 и Fiat Panda претставуваат првите електрифицирани модели на Fiat. Fiat 500 е поп, модна и дизајнерска икона, додека Panda претставува е пофункционален, помодерен модел со пет врати. Заедно, за првпат, се наоѓаат во специјална едиција на Fiat – Hybrid Launch Edition, во пресрет на целосно електричниот 500е којшто пристигнува подоцна оваа година.

Специјалната верзија ќе биде препознавана со Hybrid знакот на задниот дел од автомобилите, како и ексклузивното H лого, поставено на централниот панел. Со новите мотори, се намалува потрошувачката на гориво, а емисијата на штетни гасови е намалена за 30%.

Хибридните верзии на 500 и Panda се напојуваат од 1,0-литарски трицилиндрични мотори од FireFly семејството, комбинирани со 12-волтни BSG (Belt-integrated Starter Generator) електричен мотор, кои произведуваат 70 КС и 92 Nm максимален вртежен момент. BSG системот е прикачен директно на моторот и го користи ременот кој ги управува помошните уреди. Системот обновува енергија за време на сопирањето и забавувањето, ја складира во литиумска батерија со капацитет од 11 ампери, и ја користи, со максимална моќност од 3.600, за да го рестартира моторот во Старт и Стоп системот и помага при забрзувањето. Оваа технологија овозможува конвенционалниот мотор да се исклучува дури и под брзина од 30 километри на час, едноставно со префрлување во неутрална брзина. Во таква функција, литиумската батерија ги напојува сите функции, а возачот има целосна контрола врз возилото.

Први електрифицирани модели на Fiat

Кога станува збор за внатрешноста, Fiat останува верен на својата филозофија – одлична комбинација на Mild Hybrid технологијата и иновативниот дух на Fiat Panda и Fiat 500. Двата модели ќе бидат првите во автомобилскиот сектор кои ќе добијат седишта од специјален материјал кој се произведува од рециклирана пластика која се собира од морињата и од земјената површина, а Fiat соработува со Seaqual Initiative како поддршка за чистење на океаните и загадувањето на водите.

Fiat 500 и Panda се два “ударни“ модели на Fiat, кои ја претставуваат урбаната мобилност во Европа, со околу 400.000 единици продадени секоја година. Сега, со претставувањето на Mild Hybrid технологијата, Fiat со своите два модели ќе направи значителен придонес кон поодржливо урбано возење.

Продажбата на Fiat 500 Hybrid започнува во февруари, а Panda Hybrid во март годинава.

Преземено од Avtoplus.mk