Четири хрватски компании учествуваа на најголемиот меѓународен саем за потрошувачка електроника (CES), во Лас Вегас.
Zipato, Iron Bull, Sales Peritias и Bandi-tron се компаниите кои зедоа учество на саемот којшто годинава собра 4.500 компании и повеќе од 175.000 посетители од сите делови на светот.
Zipato е единствен хрватски постојан изложувач во Лас Вегас. Компанијата досега има испорачано во САД повеќе од 30.000 уреди за паметни домови. Iron Bull произведува роботизирани модели на тенкови за играње, Sales Peritias претстави два вида на каси, а производителот на автоматизирани ролетни и гаражни врати Bandi-tron, разви сопствена иновацијa, модуларен калап којшто овозможува едноставна изведба на бетонска подлога.
Фото: Zipato