Земјите на западна и централна Европа се на врвот на листата на најбогати, кога се гледа просечното богатство по жител, а првото место и понатаму го држи Швајцарија.
По Швајцарија следат Исланд, Луксембург, а добро котираат и Белгија, Франција и Ирска.
Германија е најголемата европска економија, но по просечното богатство од 35,3 илјади долари по возрасно лице се наоѓа поблизу до средината отколку до врвот на листата.
Каков е контрастот меѓу Западот и Истокот може да се види од примерот на Украина која има само 1,2 илјади долари по возрасно лице, објавува порталот Howmuch.
Фото: Howmuch