Во кои земји се “топат“ разликите меѓу жените и мажите, а каде сме ние?

168

Од вкупно 153 земји во светот, Македонија се најде на 70-та позиција во однос на затворање на разликите меѓу мажите и жените, покажува анализата на порталот Howmuch.net.

Според податоците, ова се петте земји каде што има најмал јаз меѓу мажите и жените: Исланд, Норвешка, Финска, Шведска и Никарагва.

На дното на листата, каде постои најголема разлика меѓу мажите и жените се: Јемен, Ирак, Пакистан, Сирија и Конго.

Од земјите во регионот, највисоко е позиционирана Албанија (20-то место). Шеснаесет места подолу е Словенија, три места подолу е Србија, додека Хрватска се најде на 60-то место. Пред нас, од земјите во регионот, е и Босна и Херцеговина, којашто се најде на 69-та позиција. Едно место по нас се најде Црна Гора, додека Грција е 84-та во светот по разлика меѓу половите.

При анализата, како што се наведува, предвид се земени овие фактори: економска вклученост, образование, здравје и политичко влијание. Податоците покажуваат дека најголема разлика меѓу мажите и жените има во политиката, па 108 од 149 земји се подобруваат од година во година.

Фото: Pexels