Најголеми извозници на автомобилски гуми во светот

98

Кина е најголем извозник на гуми за автомобили, покажуваат податоците на World’s top exports за 2018 година.

Според тоа, од Кина во тој период се извезени автомобилски гуми во висина од 15 милијарди долари. Меѓу најголемите извозници во светот се најдоа и: Германија (шест милијарди долари), Јапонија (пет милијарди долари), САД (пет милијарди долари) и Тајланд (4,9 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Србија со 727 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (420 милиони долари), Хрватска (37,7 милиони долари), Грција (15,2 милиони долари) и Бугарија (15 милиони долари).

Од Македонија во 2018 година се извезени гуми за автомобили во висина од 259.000 долари.

Фото: Pexels