Често сознанието за тоа што се наоѓа зад аголот за возачите може да биде многу корисно. Благодарение на новата технологија на Ford, LHI, тоа сега ќе биде возможно
Податоците за локалните опасности претставуваат значителен чекор на патот кон поврзаноста на сообраќајната инфраструктура. Тоа може да им помогне на возачите да се подготват и потенцијално да избегнат опасност на патиштата, велат од Ford.
Новата технологија на автомобилскиот производител за поврзаност на автомобилот ќе ги предупредува возачите за несреќи, нестабилни терени, поплави или дури и одрони на патиштата, што може да биде корисно за возачите, па дури и да го спаси нивниот живот.
Сите опасности кои влијаат на возачот во тој момент ќе се прикажуваат на екран. Системот е дизајниран на тој начин што на возачите повеќе ќе им користи отколку информациите за опасностите од радио-дифузните системи кои често не се релевантни или пристигнуваат предоцна.
LHI технологијата би требало да се воведе во повеќе од 80 проценти од патничките возила на Ford до крајот на 2020 година. Пресудно е тоа што оваа технологија нема да биде ограничена само на оние кои патуваат во возила на Ford. Имено, информациите од LHI ќе можат да ја користат и лица кои возат други брендови на автомобили.
“Она што информациите за локална опасност ги разликува е тоа што автомобилите се поврзани и нема потпирање на некои други апликации. Ова е значителен чекор напред. Предупредувањата се специфични, релевантни и прилагодени за патувањата“, изјави Јорг Бејер, извршниот директор во европското седиште на Ford.
Како функционира LHI системот?
Сензорите на LHI технологијата ги следат активностите на возачот, вклучително и принудните кочења или палењето на светла за магла. Исто така, го котрнолираат погонот на возилата за откривање на неповолни временски или сообраќајни услови.
Податоците од тие активности потоа се пресметуваат за да се утврди местото на опасноста. Но, и дали на тоа место се случил сообраќаен инцидент. Возилото автоматски ги ажурира сите информации, додека технолошкиот партнер на Ford, HERE Technologies, управува со централната платформа која ги обединува информациите од повеќе модели на возила.
Колку повеќе автомобили се споени во мрежата, поголема е и ефикасноста на системот. Кога повеќе возила го генерираат истото предупредување, другите возила во близина примаат информации за опасност и состојбата на патиштата.
Дополнителни информации се собираат од базата на податоци од јавните информациски системи.
Преземено од Avtoplus.mk