Необичниот директор продолжува да фасцинира

121

Извршниот директор на Goldman Sachs, Дејвид Соломон изјави дека инвестициските банки нема да поддржат котирање на берза на стартапи коишто во управата нема да имаат барем една личност која не е “поинаква“, а одлуката ќе се однесува на работењето во САД и Европа.

Соломон појасни дека првенствено мисли на тоа дека стартапите треба да имаат барем една жена во својата управа и дека статистиката покажала дека американските компании кои претходните четири години излегувале на иницијална јавна понуда со барем една жена директор имале значително подобри деловни резултати од оние кои биле исклучиво машки.

“Почнувајќи од први јули во САД и Европа, Goldman Sachs нема да учествува во иницијална јавна понуда на компанија којашто нема да има една жена во управата, а од 2021 година, ќе бараме во управата да има барем две жени“, изјави Соломон за CNBC, кој на таа тема разговараше во Давос.

Фото: Printscreen