Турција го извезува својот мед во 45 различни земји во светот, вклучувајќи ги Германија, САД, Саудиска Арабија, Кувајт и Оман, пренесуваат тамошните медиуми.
Турција од извоз на мед инкасираше 24,8 милиони долари, што количински е околу 5.548 тони.
Германија е број еден увозник на мед од Турција со 8,8 милиони долари. Потоа следуваат САД со увезен мед во вредност од 4,3 милиони долари, Саудиска Арабија со три милиони долари, Кувајт со 1,5 милиони долари и Оман со 775.261 долари.
Турција овозможи поголем извоз на мед преку брендирање на овој производ како и регистрација на географско потекло на овој производ.
Фото: Pexels