Бомби ја спречуваат изградбата на Tesla Gigafactory 4 крај Берлин

95

Tesla напредува во плановите за отворање на фабриката Gigafactory 4 во околината на Берлин, во Германија каде има намера да ги произведува своите автомобили за европскиот пазар.

Во оваа фабрика, којашто е прва за Tesla на европско тло, ќе се произведуваат Model 3 и Model Y. Меѓутоа, изградбата наиде на проблеми веќе во самиот старт, кога на земјиштето беа пронајдени неексплодирани бомби од Втората светска војна и тоа дури 25 од нив. Се претпоставува дека експлозивните направи на локацијата стигнале така што пред многу децении ги напуштиле американските бомбардери, на самиот крај на војната.

Според локалните медиуми, тежината на бомбите изнесува околу 90 килограми, па поради тоа се повикани експерти да ги отстранат. Се претпоставува дека целиот зафат не е завршен и дека работниците на градилиштето би можеле да се соочат со истата судбина и следните месеци, особено затоа што оваа локација била исклучително “популарна“ меѓу сојузниците. Берлин не е исклучок и во останатите германски градови често може да се пронајде идентично “наследство“ од Втората светска војна.

Компанијата Tesla го откупи земјиштето на локација предвидена за градежни зафати и во таа прилика издвои сума од 41 милион евра. Планот е од фабриката, до средината на 2021 година, годишно да излегуваат околу 150.000 електрични автомобили. Евентуално, иднината носи и планско барање за производството да биде зголемено на 500.000 единици на годишно ниво, исто така. Инаку, само за споредба, фабриката покрај Берлин ќе се гради драстично подолго од она што беше потребно за градење на фабриката во Шангај, којашто “никна“ за само десет месеци.

Преземено од Avtoplus.mk