Медот е еликсир којшто се смета за вистинско “злато“ бидејќи има бројни придобивки за здравјето на луѓето.
World Atlas направи листа на 10 земји во коишто најмногу се јаде мед. Па така, прва на листата се најде Централна Африканска Република, каде што потрошувачката на мед по глава жител е околу 9,62 грама.
Потоа следуваат: Нов Зеланд (5,55 грама мед дневно по глава жител), Словенија (4,4 грама), Грција (4,24 грама), Швајцарија (3,87 грама), Австрија (3,62 грама), Турција (3,33 грама), Украина (3,15 грама), Словачка (3,02 грама) и Црна Гора (3,01 грам мед дневно по глава жител).
Фото: Pixabay