Чорапите се неизоставен дел од нашата облека, но често пати можат да бидат необичен моден детаљ или препознатлив личен стил. Дали знаете кои се најголеми извозници и увозници на чорапи во светот?
Податоците на Observatory of economic complexity покажуваат дека Кина е најголем извозник во светот. Од оваа земја се извезуваат чорапи во вредност од над пет милијарди долари. Потоа следуваат: Турција (1,1 милијарда долари), Италија (775 милиони долари), Германија (507 милиони долари) и Пакистан (388 милиони долари).
Од друга страна, како најголеми увозници фигурираат: САД (2,2 милијарди долари), Германија (1,1, милијарда долари), Јапонија (945 милиони долари), Велика Британија (792 милиони долари) и Франција (630 милиони долари).
Фото: Pixabay