Според податоците коишто ги објави JATO Dynamics, во Европа во декември се регистрирани 30.625 VW Golf автомобили, што е за 3% повеќе од претходната година. На второ место со 27.516 први регистрации е Renault Clio, којшто има раст од 6%, во однос на истиот период 2018 година.
Трето најпродавано возило во декември 2019 година бил 100% електричен Tesla3, којшто имал 22.118 први регистрации во последниот месец од минатата година. Тоа го смести пред четвртата Ford Kuga, со 22.045 и петтата Dacia Duster со 20.933 регистрации.
Меѓу брендовите автомобили во декември најмногу регистрации имал Volkswagen со 134.178, следат Renault со 96.558 и Ford со 79.641 регистрации.
Фото: Pexels