Бројот на потрошувачи кои сакаат електрични возила забрзано расте на светско ниво, додека нивното интересирање за автономни возила останува практично непроменето, се наведува во глобалното истражување кое го спроведе компанијата за консалтинг и ревизија Deloitte.
Побарувањето за автомобили со мотор на внатрешно согорување дополнително ќе опаѓа како што цените на гориватa растат, иако потрошувачите како главни причини за префрлање на електрични возила се помали емисии на гасови и ниски оперативни трошоци.
Сепак, Deloitte наведува дека околу 10% се подготвени да доплатат околу 2.500 евра за понапредно технолошки напреден автомобил, а во просек половина од нив не би платиле повисока цена за купување на електричен автомобил.
Други проблеми што Deloitte ги препознава кај потрошувачите се опсегот на електрични возила и сегашната должина на полнење на нивните батерии.
Во анализата се наведува дека автомобилските компании продолжуваат да трошат милијарди долари на развој на нови производи, но дека подготвеноста на купувачите да потрошат пари на нови технологии е под знак прашање.
Како главна причина на лошата перцепција на автономни автомобили се наведуваат медиумските извештаи за несреќите кои ги предизвикале автономните возила.
Во истражувањето учествувале повеќе од 35.000 граѓани од 20 држави, вклучувајќи ги најголемите и најразвиени земји во светот.
Фото: Pexels